Швајцарците „плачат“: Македонија и пушти на Словачка во последното коло

Швајцарија не успеа да се пласира во главната фаза од квалификациите за СП 2023 откако на претквалификацискиот турнир во Скопје го освои третото место зад Македонија и Словачка.

Според Швајцарците единствен виновник за тоа е Македонија која дозволи пораз од Словачка во последното коло повисок од 14 поени, што не и одговараше на Швајцарија а ги однесе Словаците во главните квалификации.

Спортскиот директор на швајцарската репрезентација Ерик Леман во изјава за грчка „Газета“ вели дека групата завршила нерегуларно затоа што македонските кошаркари не се залагале доволно за да дојдат до пораз помал од 14 поени.

„Останавме без квалификации во последната минута. Кошаркарите на Македонија изгледаа недоволно се залагаа на дуелот со Словачка. Неколку нивни играчи останаа на клупата, а тие што беа во игра немаа голема минутажа на претходните натпревари. Од социјалните мрежи добивме информации и за нелегално обложување во обложувалници кои немаат валидни лиценци, како пред натпреварот, така и во живо, додека траела последната четвртина. Сепак, со оглед на тоа што се работи за социјални мрежи, немаме валидни докази и не можеме да докажеме ништо“ – вели Леман и дополнува:

„Нема да испратиме официјален приговор до ФИБА затоа штопретседателот на нашата федерација е член на Бордот на ФИБА па таков потег би се толкувал како притисок“.

Се вчитува...