Швајцарците вртат нов лист: Да им ставиме крај на двојните државјанства

Однесувањето на дел од швајцарските репрезентативци за време на СП 2018, особено за време на дуелот со Србија, го запали алармот во фудбалската федерација на оваа земја. Прославите на Џака и на Шаќири при постигнатите голови беа санкционирани и од страна на ФИФА, па сега челниците на федерацијата сериозно размислуваат како да го решат проблемот со двојните државјанства.

„За мене лично, нивниот гест не беше политичка провокација, но сигурно не беше ниту бистра одлука. Тоа беше емотивна реакција поврзана со семејната историја, но непотребно ја искомпликува целокупната ситуација. Нам ни е јасно – постои одреден проблем во репрезентацијата на Швајцарија и мораше што поскоро да го решиме. Двојните државјанства создаваат проблем во сите сфери од нашата држава, не само во фудбалот. Постојат сериозни социјални разлики и прашањето е дали може да се постават граници. Едно е сигурно, и ние како федерација треба да реагираме… што би ни се случило ако на следното СП играме против БиХ, Хрватска, Албанија и некои африкански држави. Не може ние да им созздаваме играчи, како што се случува со години наназад“ – изјави Генералниот секретар при Швајцарската Фудбалска Федерација, Алекс Мајшер.

Се вчитува...