Швајцарците забранија двоглави орли на СП: СТОП за Џака и за Шаќири

Швајцарските репрезентативци на СП во Катар нема да смеат да „летаат орли“ и да ги провоцираат на тој начин противниците, како што тоа го сторија на дуелот со Србија на СП 2018.

ФИФА дури и покрена истрага против швајцарските фудбалери по тој меч, тие го навлекоа и бесот на дел од швајцарските фанови, па сега самото раководство на репрезентацијата на оваа земја реши однапред да постави „правила на однесување“.

„За нас Светското првенство не се состои само од дуелот со Србија, но знаеме колку овој меч е посебен, особено поради случката во 2018 година. Не сакаме да ги направиме истите грешки, тука сме за да играме фудбал и за да ништо друго. Не сакаме да испраќаме никакви политички или верски пораки, тука сме само за да ги застапуваме швајцарските спортски вредности, а една од нив дефинитивно е – почитта на противникот. Затоа, нема да смее да се прават провокации како што тоа беше случај пред четири години. Кога ќе дадеме гол, треба да славиме, но тоа не значи дека со славјето треба да ги провоцираме противниците“, изјави директорот на швајцарската репрезентација, Пјерлуиџи Тами.

Се вчитува...