Шведска добива големо засилување за клучниот меч на СП

Шведска ќе биде значително засилена за утрешниот клучен натпревар со Русија откако Албин Лагергрен го победи коронавирусот и тргна на пат за Каиро, каде утре ќе може да му помогне на националниот тим во битката за пласман во четвртфиналето од СП 2021. Лагергрен беше еден од играчите кои во последен момент отпаднаа од комбинација поради позитивни тестови, но при последното тестирање тој добил негативен наод, што значеше и зелено светло да може да отпатува во Египет.

Врз бекот на Магдебург веднаш по пристигнувањето ќе биде дополнително тестиран од организаторот, по што во случај на негативен тест ќе може вечерва да го одработи и тренингот со националниот тим. Доаѓањето на Лагергрен е одлична вест и со оглед на фактот дека Линус Персон заработи незгодна повреда на синоќешниот меч со Словенија, па нема да може да настапи против Русија.

Шведска влегува во последното коло со шест бода на своето салдо, исто колку што има и Египет, па на скандинавската селекција и е доволен еден бод против Русија за да се пласира во четвртфиналето.

Се вчитува...