Шведска и Франција лесно до четвртфинале на СП

Франција без поголеми проблеми ја совлада Португалија со 32-23 и се пласираше во четвртфиналето на Светското ракометно првенство во Египет. Французите во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и на крајот дојдоа до уште една победа на Мундијалот. Деска со седум гола  беше најдобар поединец кај победниците додека кај Португалија се истакна Соареш со шест гола. Со победата Франција и помогна на Норвешка да биде вториот четвртфиналист од групата 3.

Во вториот вечерашен натпревар Шведска ја уништи Русија со 34-20 и обезбеди учество меѓу осумте најдобри на шампионатот. Русите не покажаа буквално ништо со што би заслужиле да се пласираат во нокаут фазата и уште од самиот старт се предадоа. Пелас со седум гола беше најефикасен на мечот, додека Котов кај Русија заврши со четири.

По денешниот ден познати се и првите четвртфинални двојки на Мундијалот, а тоа се Франција – Египет и Шведска – Норвешка.

Се вчитува...