Шведска стави крај на фантастичната серија од 28 години без пораз на Шпанија

Шведска успеа да го одбрани домашниот терен и да слави со 2-1 против Шпанија со што стави крај на фантастичната серија на Шпанците кои 28 години не знаеја за пораз во квалификациите за Светските првенствна.

Шпанија прва го отвори натпреварот преку Карлос Солер, но Шведска брзо стигна до изедначување, минута подоцна преку Исак. Овој резултат остана на семафорот и до крајот на првото полувреме, а тритте бода на Швеѓанците им ги донесе Виктор Клаесон во 57. минута.

Претходниот пораз на Шпанија во мундијалските квалификации беше во 1993 година кога со резултат од 1-0 загубија на гостувањето кај Данска. Интересно е тоа што во овој меч боите на Шпанија ги бранеше сегашниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Се вчитува...