Шведски судии ќе ја делат правдата утре на отворањето на ЕП за Македонија против Франција

Швеѓаните Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик ќе ја делат правдата на утрешниот прв натпревар на Македонија против Франција на отворањето на Европското првенство 2024 во Германија. Делегати на дуелот ќе бидат Владимир Ранчик и Јан Кампан.

Македонија утре од 18 часот ќе игра историски меч против Франција на фудбалски стадион во Дизелдорф, адаптиран за ракометен дуел, на почетокот на Европското првенство 2024.

На натпреварот на стадионот во Диселдорф се очекуваат околу 55.000 гледачи.

Се вчитува...