Швеѓаните добиваат смртни закани поради провокациите кон Џака и Шаќири

Осминафиналниот натпревар меѓу Шведска и Швајцарија мина без нешто претерани возбудувања на теренот. Швајцарците минимално загубија заминувајќи од Русија, што беше доволно Швеѓаните со бројни ‘сеир пораки’ да го одбележат триумфот на својата селекција.

Но, дел од шведските навивачи отидоа предалеку и со вулгарни провокации кон Швајцарците. На социјалните мрежи се појави Швеѓанец кој објави фотографија како прославува провокативно кон Гранит Џака и Џердан Шаќири со невкусна гестикулација покажувајќи средни прсти.

Сето тоа наиде на голем револт кај Албанците ширум Европа… Па, како што пишуваат шведските медиуми, Швеѓанецот само за неколку часа добил бројни смртни закани со категорични барања да ја повлече провокативната фотографија.

Се вчитува...