Швеѓаните си поиграа мајтап со Џака и со Шаќири: „Летаа орли“ по елиминацијата на Швајцарија (ФОТО)

И тоа како една од главните полемики на Светското првенство во Русија настана околу начинот на кој швајцарските репрезентативци со албанско потекло Гранит Џака и Џердан Шаќири ги прославуваа погодоците и победите на Швајцарија на мечот против Србија, покажувајќи го двоглавиот орел кој е симболот на албанското знаме.

Швајцарија вчера беше елиминирана од Шведска во осминафиналето на Мундијалот 2018… Па, дел од шведските репрезентативци се одлучија очигледно да си поиграат мајтап со Џака и со Шаќири. Триумфот на Шведска го прославија со „летање орли“! Веројатно Швеѓаните и малку знаат што всушност значи тоа, но ете се одлучија на тој начин да ги поздрават Џака и Шаќири.

Се вчитува...