Швеѓаните вчудоневидени: Од Шкендија славеа како да освоиле ЛШ, очигледно е дека сме многу подобри!

Шкендија успеа да извлече повеќе од поволен резултат на гостувањето против АИК во Стокхолм во првиот натпревар од 3. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига.

Тетовци ремизираа (1-1) со фаворитот што ги остава во сериозна трка на реваншот за место во плеј-оф рундата.

Сепак, од редовите на АИК отворено тврдат дека се многу подобра екипа од Шкендија и на реваншот нема да имаат проблем да го елиминираат македонскиот тим.

„Ние сме подобар тим од нив и ќе го докажеме тоа на реваншот. На крајот од мечот скокаа од радост како да освоиле Лига на шампиони. Сето тоа кажува кој е кој во оваа приказна и ги прави работите уште повозбудливи за нас во пресрет на реваншот“ – вели стрелецот на голот за АИК, Џон Гуидети, и дополнува:

„Сигурно сега мислат дека нема никаков проблем да се игра против АИК, но нема да биде така. Не можам да верувам дека некои од нив останаа да слават на теренот како да освоиле Лига на шампиони а ова е само еден меч од кој извлекле реми“.

Гуидети пред настапите за АИК претходно во својата кариера има настапи и за Манчестер Сити во младинскиот тим, но и за Селта и Алавес во шпанската Ла Лига.

Се вчитува...