Швеѓаните вознемирени пред Англија: Противпожарниот аларм ги построи пред хотелот

Фудбалската репрезентација на Шведска е во очекување на четвртфиналниот дуел со Англија, а ибраниците на селекторот Јане Андерсон имаа мала непријатност во утринските часови. Се активирал противпожарниот аларм во хотелот каде престојуваат, па тие морале брзо да истрчаат надвор. Ова секако малку ја поремети нивната концентрација пред важниот натпревар со селекцијата на гордиот Албион.

Немаше причина за големи грижи, брзо било утврдено дека не се работи за пожар. Некој од гостите во хотелот пушел во својата соба, по што се активирал противпожарниот аларм. Можеби тоа го сторил некој Англичанец?!

Се вчитува...