Шверцери: Немаше дивеење ниту кршење, тоа се шпекулации

Навивачката група „Шверцери“ се огласи по повод случувањата во МНТ, тие велат дека информациите за „дивење“ се невистинити и се шпекулации.

„Ние сме навивачи и навивањето е нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза.Ова е вистината и сите други информации се само во правец на оцрнување на нашата навивачка група и шпекулирање со вистината. Направивме сè да бидеме добри гости на и нашиот театар!“, се вели во соопштението од навивачката група „Шверцери“.

Навивачите на Шкупи во петокот, на Денот на албанската азбука прославија и 30 години од постоење на навивачката група со прослава во МНТ.

Се вчитува...