Швијонтек е незапирлива, испиша историја на Вимблдон

Ига Швијонтек продолжи да испишува историја во женскиот тенис откако првата носителка на Вимблдон рутински славеше на својот премиерен меч во Лондон, совладувајќи ја Фет од Хрватска со 2-0 во сетови. Ова беше вкупно 36. триумф во низа на полската тенисерка, прва на која ова и успеало по Мартина Хингис, која имаше ваков подвиг во 1997 година.

Швијонтек прикажа извонредна игра во првиот сет, во која ја демолираше својата противничка со максимални 6-0. Фет посериозно се спротивстави во вториот сет, но фаворитката сепак успеа да триумфира со 6-3, продолжувајќи ја импресивната серија.

Сакари славеше со 6-1, 6-4 над Хајвс, Остапенко беше подобра со 6-4, 6-4 од Додин, додека Белинда Бенчиќ беше непријатно изненадена губејќи со 1-2 од Ванг, моментно 140. тенисерка во светот.

Се вчитува...