Швјонтек „летечки“ до полуфинале на Ролан Гарос

Првата тенисерка во светот Ига Швјонтек стигна до 33. победа во низа и обезбеди полуфинале на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос. Полјачката во четвртфиналето беше убедлива против Американката, Џесика Пегулја со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Во полуфиналето Свјонтек ќе се сретне со Дарија Касаткиња која во руското дерби ја совлада Вероника Кудерметова со 2-0 (6-4 и 7-6).

Првото полуфинале го сочинуваат Коко Гоф од САД и Мартина Тревисан од Италија.

Се вчитува...