Си ги бараат парите што им се должат, им се нуди вработување на сопругите

Стари долгови кон играчите се нешто вообичаено во балканскиот спорт, но во Србија се појави нов тренд – на оние кои си ги бараат парите, за возврат им се нуди вработување на сопругите.

Станува збор за поранешниот српски прволигаш Јагодина, кој по повлекувањето на Општината како главен спонзор сега се натпреварува во петтата лига откако подолго време беше дел од елитното друштво. Фудбалерите си ги бараат парите што им се должат, преку Синдикатот на професионални фудбалери денеска имаа состанок со Градоначалникот Драган Марковиќ – Палма, но на истиот добиле неочекувана контрапонуда.

„Марковиќ тврди дека нема ништо лично со долговите, дека го напуштил клубот 11 месеци пред испаѓањето од Супер-лигата иако е очигледно дека најголемиот дел од сумите се должат од времето додека тој раководеше со клубот. Кога го прашале директно кој е виновен, тој само молчел. Фудбалерите претрпеа голема штета останувајќи во клубот што им должеше огромни суми додека беше раководен од претставници на Градот Јагодина. Наместо пари, добија понуди да им бидат вработени сопругите“, се вели во соопштението на Синдикатот на професионални фудбалери, кое најави протести пред општинската зграда.

Се вчитува...