Сигал Приштина и Лејсон Зекири си подадоа рака за продолжување на соработката во следните две години

Македонскиот кошаркар Лејсон Зекири и Сигал Приштина си подадоа рака за просолжување на меѓусебната соработка во следните две години.

Зекири во Приштина дојде пред стартот на минатата сезона. Во косовскиот шампионат во просек имаше 11,4 поени и 4,5 скока, 1,7 асистенции по меч, додека во БИБЛ заврши со 10,3 поени и 4,9 скокови по натпревар.

Кошаркарот се пресели во Косово од редовите на Гостивар, а претходно настапуваше и во МЗТ Скопје Уни Банка.

Се вчитува...