Челси престојното лето ќе остане без еден од најискусните фудбалери во тимот. Тијаго Силва заминува со истекот на договорот на големо незадоволство на фановите на клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Оваа информација денеска беше потврдена од самиот Бразилец кој им се обрати на навивачите преку официјалните социјални мрежи на клубот.
„Челси многу ми значи. Дојдов во клубот на година дена, а на крајот се испостави дека останав четири. Моите синови играат во академијата на Челси и тоа ме прави изклучително задоволен. Се надевам дека ќе останат во неа и по моето заминување и ќе постанат дел од клубот кој негува победнички менталитет. Мислам дека лично го дадов максимумот во секој погле во овие четири години.
За жал се што има почеток има и крај. Сепак, мислам дека ова не е дефинитивно крај со клубот. Сакам да бидам дел од негов и во иднина, но во некоја друга улога“, изјави ветеранот.
Силва во Челси пристигна во 2020 година од редовите на ПСЖ. Претходно настапуваше и за Милан, Флумененсе, Динамо Москва…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА