Силва во преговoри со Реал, конечниот збор ќе го даде Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва би можел на лето да потпише за Реал Мадрид. 27-годишниот фудбалер минатото лето беше на излезната врата на Сити, период кога тимот не беше задоволен од неговата форма, но бидејќи не добија финансиски соодветна понуда од други клубови, Гвардиола и челниците на Сити решија да го задржат.

Тренерот на „граѓаните“ не пропушта прилика да го пофали секогаш кога ќе му се пружи прилика бидејќи повторно игра на завидно ниво. Португалскиот фудбалер има договор со тимот од Манчестер до 2025 година, но клубот му нуди нов побогат договор. Сепак, во целата приказна сега се приклучи и Реал Мадрид, кој веќе има остварено неколку разговори со офанзивниот фудбалер, вака барем пренесува италијанскиот сајт „Калчомеркато“.

Кралскиот клуб би го довел Силва во летниот преоден рок, а во корист им оди тоа што фудбалерот од мал е голем симпатизер на клубот и животна желба му е да го носи белиот дрес. Клучниот збор ќе го даде неговиот сегашен клуб Манчестер Сити, кој нема така лесно да се откаже од неговите услуги.

Се вчитува...