Симеоне: Еве зошто за мене Роналдо е подобар од Меси

Елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите беше можност да се јават фановите на Кристијано Роналдо, кои сметаат дека Португалецот е подобар фудбалер од Лионел Меси. Изненадувачки, меѓу нив се најде и сонародникот на Меси, Диего Симеоне, кој како тренер на Атлетико Мадрид имаше бројни дуели и со двете фудбалски мегаѕвезди.

„Кристијано е многу подобар фудбалер за тимови кои имаат помалку решенија, па играта ја посветуваат на него. Тој нуди неверојатни решенија и го има докажано тоа многу пати, не му требаат десет напади и атрактивни акции, само две топки во шеснаесетникот за да ви ја донесе победата. Роналдо и Меси… двајцата се одлични, но за мене Роналдо е подобар бидејќи знае се да реши со еден до два шутеви, нема потреба цело време да ја има топката кај себе. Она што Лео го прави во нападот е неверојатно, секогаш наоѓа решение, но за да постигне гол му треба многу повеќе отколку на Роналдо. Јас лично повеќе сакам фудбалери како Кристијано“ – истакна Диего Симеоне.

Се вчитува...