Симеоне: Јас сум единствениот виновник, не ги обвинувајте играчите

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го коментираше резултатот од натпреварот од 13. коло на шпанскиот шампионат со Валенсија (3-3). Аргентинецот потенцираше дека грешките се дел од фудбалот, но тие се наплаќаат со висока цена.

Симеоне изјави дека и покрај крајниот исход, сепак, е задоволен од играта на своите фудбалери.

„Противникот беше фокусиран. Ова е пристојно реми за Валенсија. Што имам да кажам, го кажав во соблекувалната. Тешко е да се загубат бодови, но не можам да бидам лут на тимот по работата што ја направија на овој натпревар и на натпреварот против Ливерпул. Во фудбалот треба да платите за грешките. Беше одличен натпревар, имавме 80-85 одлични минути, но за жал сите понекогаш грешиме. Кривицата за загубената победа не би ја префрлил на ниту еден од играчите. Ако треба да обвинете некого, виновен е тренерот, а не некој играч“, изјави Симеоне за „Марка“.

Инаку, по 12 одиграни кола, „јорганџиите“ се наоѓаат на 4. место на табелата со 23 бода.

Се вчитува...