Симеоне како Зидан: Дајте му ја „Златната топка“ на Меси

Се поголем е бројот на врвни тренери како поддржувачи на идејата Лионел Меси да ја добие наградата за најдобар светски фудбалер за 2026 година.

Зинедин Зидан беше првиот што јавно говореше на оваа тема давајќи му целосна поддршка на Меси да се закити уште еднаш со најголемото индивидуално признание. Вчера, на прес-конференцијата пред мечот Атлетико Мадрид – Осасуна истиот став го повтори и Диего Симеоне.

„Кој за Златна топка? Лионел Меси, апсолутно, без никаков сомнеж. Да играш онака на светско првенство, на таа возраст, Лео заслужува да биде избран за најдобар“, истакна аргентинскиот стратег на клупата на Атлетико.

Меси беше апсолутно најзаслужен за одличниот мундијал на Аргентина и пласманот во големото финале, а фудбалскиот генијалец игра одлично и во дресот на Интер Мајами, каде во оваа календарска година веќе стигна до 22 погодоци и 12 асистенции.

Се вчитува...