Симеоне: Конечно го добивме вистинскиот Гризман

Атлетико Мадрид по два реми дуели им се врати на победите откако во дербито со Реал Бетис славеше со убедливи 3-0. „Јорганџиите“ поведоа уште во 26. минута преку Караско, а со автоголот на Пезела во 63. минута и погодокот на Жоао Феликс во 80. беше осигурана победата.

По натпреварот тренерот на мадридскиот клуб не го криеше задоволството од прикажаното на теренот, а имаше и пофални зборови за Антоан Гризман за кој вели дека повторно е свој по тешкиот период поминат на „Камп Ноу“.

„Во овој натпревар го пронајдовме оној Гризман кој го баравме откако се врати од Барселона каде ‘исчезна’. Одигра меч како што играше и пред да замине во Барселона. Работеше за екипата и секогаш беше во некоја шанса. Тоа е Гризман кој го сакаме и конечно го пронајдовме. Се надеваме дека така ќе продолжиме“, изјави Симеоне.

Пред репрезентативната пауза на Атлетико му претстојат уште два дуела на гостински терен. Првиот од нив ќе биде со Ливерпул во Лигата на Шампионите, а потоа и средба со Валенсија во Ла Лига.

Се вчитува...