Симеоне лут на Гризман поради заминувањето од Атлетико Мадрид

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман соопшти дека на крајот од сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид, барајќи нов предизвик во кариерата. Претседателот на клубот од Мадрид, Енрике Серезо, наведе дека и тренерот на клубот Диего Симеоне е разочаран од одлуката на Французинот.

„Чоло е разочаран како и сите ние. Повеќе сме разочарани него лути. Антоан требаше да има иднина на „Ванда Метрополитано“ и заедно да освојуваме трофеи. Но, сепак ја почитувам неговата одлука. Сакам во новиот клуб да биде успешен како кај нас“, изјави Серезо. 

Покрај Гризман, клубот од шпанската престолнина на крајот од сезоната ќе го напуштат и Диего Годин кој заминува во Интер и Лукас Ернандез кој се сели во Баерн Минхен.

Се вчитува...