Симеоне: Модриќ бил најдобар… не бидете смешни, сите знаеме како оди тоа…

Диего Симеоне се вклучи во дебатата околу изборот на најдобар светски фудбалер, отворено изразувајќи сомнеж околу регуларноста и кредибилитетот на наградата што се доделува. Аргентинецот, за чиј тим настапува Антоан Гризман, јасно стави до знаење дека за него Лука Модриќ според ниту еден критериум не може да биде избран за најдобар во светот, но и посочи дека игрите на теренот не се најважни во овој избор.

„Модриќ бил најдобар… Не бидете смешни, само сакате да го кажам она што сите го знаат, но го премолчуваат. Куртоа оди во Реал Мадрид и одеднаш станува најдобар голман во светот, а додека бранеше за нас најдобар беше Кејлор Навас. Тука има многу работи кои немаат никаква смисла. Во овој свет на фудбалот треба да знаеш каде си и со какви неправди ќе се соочиш. Штом го сториш, полесно ќе живееш“ – истакна Симеоне.

Се вчитува...