Симеоне пресече: Мората не е доволно добар за Атлетико

Престојот на Алваро Мората во Атлетико Мадрид нема да траае премногу долго откако тренерот Диего Симеоне донел одлука да го врати Шпанецот назад во Челси. Овој напаѓач постигна шест гола на 14 средби за „јорганџиите“, но според мадридските медиуми недоволното залагање во пресингот и одбраната биле пресудни Симеоне да реши да не ја активира клаузулата за негово останување во Атлетико.

Шпанскиот клуб плати седум милиони евра за шестмесечна позајмица од Челси, а клубовите се договорија Атлетико да доплати уште 17 милиони за да го задржи Мората во сезоната 2019/2020. Сепак, Симеоне не е заинтересиран за активирање на оваа клаузула, туку планира да го врати Шпанецот назад во Лондон. Заедно со Мората од тимот ќе си замине и Диего Коста, со што ќе се отвори простор во екипата за доведување на врвен голгетер во летниот преоден рок.

Што се однесува до Мората, неговиот камбек ќе биде добредојден за Челси со оглед на фактот дека лондонскиот клуб нема да може да регистрира нови засилувања, но Шпанецот како играч под договор ќе може да настапува за „сините“ во наредната сезона. Во ситуација кога Жиру го најави своето заминување, Сари најверојатно во нападот ќе смета на Мората и на Батшуаи, кој исто така ќе се врати од позајмица.

Се вчитува...