Симиќ остана без трофеј – Реал Мадрид го доби шпанското дерби во младинската Евролига

Македонскиот младински репрезентативец Теодор Симиќ и неговата Барселона по продолжение загубија од вечниот ривал Реал Мадрид во младинската Евролига со 81-79. Реал Мадрид беше подобар во првиото полувреме и по 20. минути замина со предност од 38-31, но Барселона успеа да се врати целосно во мечот, а победникот беше одлучен во дополнителни пет минути.

Симиќ одново одигра солиден натпревар во кој за нешто повеќе од 18 минути поминати на паркетот забележа девет поени (3/4 за два и 1/3 за три), а притоа додаде и два скока.

Се вчитува...