Македонскиот фудбалски интернационалец Марко Симоновски постигна нов гол во првенството на Романија. Тој беше стрелец на победничкиот гол за Сепси во триумфот од 1-0 против Калараси.
Симоновски уште на самиот старт, во третата минута го отвори резултатот на овој меч, а тоа се покажа и како конечен епилог. Сепси по седум одиграни кола се наоѓа на третата позиција со 11 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА