Синер ја освои титулата во Париз и се врати на врвот на АТП листата

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Јаник Синер стигна до својата прва титула на АТП мастерс 1000 турнирот во Париз, откако денеска во Берси арената во финалето славеше против Канаѓанецот, Феликс Оже Алиасим со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.

Во првиот сет му беше доволен само еден брејк на Синер за освојување со 6-4, додека во вториот сет славеше во тај-брејкот за прва титула во главниот град на Франција.

Со овој триумф Италијанецот се враќа на врвот на АТП листата каде што од понеделник ќе го мине својот најголем ривал, Карлос Алкараз.

Се вчитува...