Синер: Неверојатно е што повторно ќе бидам број 1 во светот

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Јаник Синер стигна до својата прва титула на АТП мастерс 1000 турнирот во Париз, откако денеска во Берси арената во финалето славеше против Канаѓанецот, Феликс Оже Алиасим со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.

Со овој триумф Италијанецот се враќа на врвот на АТП листата каде што од понеделник ќе го мине својот најголем ривал, Карлос Алкараз.

„Со оглед на сè што се случи, ова е неверојатен резултат. Секако дека сум среќен што повторно сум број еден, иако не знаеме колку долго ќе трае тоа“, рече Синер по финалето.

Се вчитува...