Сингапур во проблеми со загадениот воздух пред трката во Формула 1

Поради шумските пожари во Индонезија, воздухот во Сингапур последните денови е многу загаде и нивото на штетните честици во воздухот не е возможно да се предвидат до трката во Формула 1 шампионатот. Сепак, нема никакви најави дека трката би можела да биде откажана.

Болидите во Формула 1 ќе возат низ улиците на Сингапур под светлата на рефлекторите, а и тоа што густ облак од магла ќе се спушти над градот, не ги натера организаторите да ја откажат трката. Властите во Сингапур ги советуваат граѓаните да не седат долго на отворено, а организаторите на трката имаат план како ќе го намалат влијанието на загадувањето во викендот на големата награда.

Големата награда на Сингапур општо е многу тешка за возачите бидејќи има големо ниво на влажност на воздухот, а проблемот со загаденоста ќе биде дополнителен проблем за најдобрите возачи во светот.

Се вчитува...