Синот на Диего Симеоне расплакан, екипата со часови не излегуваше од соблекувална

Солзите на Џовани Симеоно по натпреварот меѓу Каљари и Торино најдобро зборуваат колку тој натпревар бил важен за екипата од Сардинија. Торино на крајот славеше со 0-1, нанесувајќи му го на Каљари деветтиот пораз во последните десет меча.

Синот на легендарниот Диего Симеоне тешко го доживеа поразот не можејќи да ги скроти солзите. Екипата која во својот состав има имиња како Годин, Ругани, Наинголан, за победа не знае од 7. ноември кога славеа со 2-0 против Сампдорија.

По поразот, тренерот Ди Франческо, клупското раководство и играчите се затворија во соблекувалната каде останале со часови без притоа да сакаат да дадат било каква изјава.

Се вчитува...