Семејството Маркизио продолжува и во иднина „ќе го носи“ дресот на Јувентус. Денеска, младиот 17-годишен Давиде Маркизио, потпиша професионален договор со „Старата дама“, клубот во кој неговиот татко Клаудио Маркизио, остави длабока трага.
Давиде првиот професионален договор во кариерата, со времетраење од две години го потпиша во присуство на неговиот татко. Интересно е што Давиде игра на истата позиција како и татко му Клаудио, централен дефанзивец.
Младиот Давиде моментно настапува за екипата на Јувентус до 18 години и на четирите натпревари сезонава постигна еден гол и има две асистенции.
Неговиот татко, Клаудио, кој пред седум години ја заврши кариерата, во дресот на Јувентус одигра 389 натпревари и постигна 37 гола и имаше 43 асистенции, притоа триумфирајќи дури седумпати во Серија А и четирипати во Купот на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
