Даниел Малдини заврши во болница по сообраќајна несреќа во која учествуваше во неделата. Еден ден подоцна, италијанските медиуми ги објавија деталите: Малдини бил под дејство на алкохол, бил позитивен на наркотици и токму тој ја предизвикал сообраќајната несреќа во која учествувале уште шест лица.
Полицијата двапати го тестирала Малдини за алкохол. На првиот тест имал 0,91 мг/л, а на вториот 0,89 мг/л. Според медиумите, тој бил позитивен и на недозволени супстанции.
Медиумите масовно известуваат дека поради сето ова, тој ќе биде изоставен од списокот на репрезентацијата, каде што требало да се најде пред натпреварите во септември и октомври.
Каљари сигурно ќе го казни, но засега не е познат видот на казната. Откако во саботата му донесе победа на Каљари, синот на многу попознатиот Паоло Малдини предизвика сообраќајна несреќа во раните утрински часови. Во инцидентот учествувале шест лица. Покрај фудбалерот, тоа биле две жени на возраст од 20 и 22 години, како и тројца мажи на возраст од 19, 20 и 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
