Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал.
Аргентинскиот ас постигна два гола против Австрија во второто коло од Светското првенство и уште еднаш покажа дека дури и на крајот од кариерата не престанува да пишува историја.
Аргентина стигна до голем триумф преку својот капитен, а Меси дополнително го зацврсти својот статус на најголем играч што фудбалот некогаш го видел со нови голови. Неговиот настап против Австрија не беше само уште еден одличен натпревар, туку натпревар во кој тој сруши неколку рекорди на Светските првенства на сите времиња.
Меси сега има 18 гола на Светските првенства, 28 одиграни натпревари, 18 победи и 2.489 минути поминати на најголемата фудбалска сцена.
ОВА СЕ РЕКОРДИТЕ КОИ ГИ УРНА ЛИОНЕЛ АНДРЕС МЕСИ:
Најмногу голови на Светското првенство – 18
Најмногу одиграни натпревари на Светското првенство – 28
Најмногу победи од еден играч на Светското првенство – 18
Најмногу одиграни минути на Светското првенство – 2.489
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
