Сите три нови засилувања на Вардар стрелци во победата од 5-0 против Тетекс

Вардар со 5-0 го победи Тетекс во првиот свој пријателски натпревар за време на зимските подготовки пред пролетниот дел од шампионатот во Втората македонска фудбалска лига.

И покрај доцниот старт на подготовките, „вардарци“ покажаа квалитетна игра а, интересно, стрелци на головите беа токму сите три досегашни зимски засилувања на црвено-црните.

По два гола постигнаа Дарко Размоски и Дејан Цветаноски, а еден гол беше дело на Роберт Митев.

Се вчитува...