Сите во еден глас: Нема да ја потцениме Црна Гора (фотогалерија)

ЕКИПА во Загреб,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Искуството од континуитетот на настапи на големите натпреварувања е причината поради која македонските ракометари не дозволуват преголема еуфорија по дуелот со Словенија. Секој меч е посебна приказна, а секое опуштање експресно се казнува, па затоа капитенот Лазаров и сите поискусни ракометари се тука за да им посочат на младите дека работата не е завршена, туку напротив – предизвикот на ова ЕП допрва претстои.

„Нема да ја потцениме Црна Гора“ – е пораката што едногласно ја праќаат сите македонски ракометари, свесни за шансата што се укажува, не само да се обезбеди пласман во следната рунда, туку и да се пренесат најмалку два бода пред патот за Вараждин.

Се вчитува...