Челси му постави јасен ултиматум на Манчестер Сити во врска со трансферот на Енцо Фернандез. Лондонскиот клуб одредил рок до петок во 17 часот по британско време за „граѓаните“ да испратат официјална понуда за аргентинскиот репрезентативец.
Челси бара 120 милиони фунти, односно околу 140 милиони евра, за 25-годишниот играч за врска. Доколку Манчестер Сити не ја исполни поставената сума во предвидениот рок, Фернандез ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ и во сезоната 2026/27.
Интересот на Сити за Фернандез е сериозен, особено поради неизвесноста околу иднината на Родри, а во клубот го гледаат Аргентинецот како потенцијално решение во средниот ред.
Сепак, бараната цена претставува голем проблем. Манчестер Сити засега нема испратено официјална понуда од 120 милиони фунти, а англискиот клуб се обидува да ја намали сумата.
Фернандез пристигна во Челси во јануари 2023 година од Бенфика за тогаш рекордни 106,8 милиони фунти за клубот. Тој останува важен дел од тимот, а новиот тренер Чаби Алонсо, според информациите, сака Аргентинецот да остане во неговите планови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
