Сити го „брка“ скапо платеното засилување поради вишок килограми?

Изненадување претставуваше фактот што менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на крајот од минатата година од составот го избрка Калвин Филипс. Англискиот репрезентативец веќе не се најде во тимот на Сити, а Гвардиола тогаш објасни дека не смета на Филипс затоа што од Катар се вратил во лоша форма и со неколку килограми повеќе.

Сега приказната доби продолжение. Англиските медиуми тврдат дека Филипс и натаму не успеал да се доведе во ред и по желба на Гвардиола, па сега Сити е подготвен да го продаде на лето.

Њукасл, Лестер и Вулверхемптон се тимовите кои се интересираат за Филипс, но проблем ќе биде отштетата. Сити лани од Лидс го плати 49 милиони евра, а се проценува дека тимот од Манчестер нема да го продаде под 35 милиони евра.

Се вчитува...