Манчестер Сити веќе размислува за можното заминување на Родри, за кого Реал Мадрид покажува сериозен интерес ова лето.
Како потенцијален наследник на шпанскиот играч за врска, „граѓаните“ го гледаат 18-годишниот фудбалер на Лил, Ајуб Буади.
Според Фабрицио Романо, преговорите меѓу Сити и младиот Мароканец се во тек, а англискиот клуб е оптимист дека трансферот би можел наскоро да се реализира.
Доаѓањето на Буади зависи од одлуката на Родри. Доколку Шпанецот го напушти „Етихад“ ова лето, Сити веднаш ќе тргне по талентираниот играч за врска. Во спротивно, трансферот би можел да се реализира во текот на летото 2027 година.
Некои медиуми пренесуваат дека договорот со играчот е практично постигнат, додека остануваат преговорите со Лил, клуб кој бара околу 100 милиони евра за својот бисер.
Буади дебитираше за првиот тим на Лил кога имаше само 16 години, а досега има забележано 96 настапи во сениорска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
