Сити ќе направи се да го задржи Фил Фоден

Раководството на Манчестер Сити планира да му понуди продолжување на договорот на англискиот фудбалски репрезентативец Фил Фоден за уште шест години, пренесуваат британските медиуми.

24-годишниот Фоден има договор со Манчестер Сити до јуни 2027 година и моментално заработува 200.000 фунти неделно.

Челниците на Манчестер Сити се задоволни од настапите на англискиот репрезентативец, поради што планираат да му понудат нов договор според кој Фоден би имал неделна плата од 375.000 фунти. Договорот треба да биде потпишан по Европското првенство во Германија.

Фоден минатата сезона одигра 52 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања и постигна 27 гола.

Се вчитува...