Сити минатата сезона го плати 55 милиони евра, сега се ослободува од него

Холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс би можел да го напушти Манчестер Сити по само една сезона мината на „Етихад“, пренесуваат англиските медиуми.

Според „Дејли Мејл“, сериозен интерес за 28-годишниот играч за врска покажува Нотингем Форест, кој е подготвен да го ангажира уште во текот на летниот преоден рок.

Рeјндерс минатото лето пристигна во Манчестер Сити од Милан за околу 55 милиони евра како замена за Кевин Де Брујне. Сепак, Холанѓанецот не успеа целосно да ги оправда очекувањата под водство на Пеп Гвардиола.

Во својата дебитантска сезона за „граѓаните“ одигра 50 натпревари, постигна седум голови и запиша осум асистенции, што е послаб учинок во споредба со последната сезона во Милан, кога постигна 15 погодоци во сите натпреварувања.

Интересно е што двата клуба неодамна реализираа голем трансфер, откако играчот од средниот ред Елиот Андерсон се пресели од Нотингем Форест во Манчестер Сити за 135 милиони евра. Според истите извори, Рејндерс би можел да тргне во спротивна насока за сума од околу половина од таа вредност.

Холандскиот репрезентативец досега има 35 настапи и седум голови за националниот тим на Холандија.

Се вчитува...