Сити му се извини на Ливерпул поради односот на навивачите

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити испрати извинување во Ливерпул и ги осуди дел од своите навивачи кои не го почитуваа минута молкот по повод одбележување на 33-годишнината од трагедијата на Хилсброу.

Ливерпул го доби натпреварот со 3-2 во ФА Купот, а пред мечот беше оддадена почит за жртвите од 1989 година.

„Се чувствував навистина лошо во тој момент“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп и го прифати извинувањето на Сити.

Скандирањата на Манчестер Сити уследија кога судијата Мајкл Оливер даде знак за почеток на минута молчење.

„Манчестер Сити е разочаран од посапувањето на дел од своите навивачи во текот на минута молк во текот на саботниот меч. Клубот искрено се извинува на сите кои се поврзани со фудбалскиот клуб Ливерпул“, стои во соопштението на Сити.

Се вчитува...