Сити на колена: Тинејџерите му го донесоа трофејот од ФА Купот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е освојувач на ФА Купот на Англија откако во денешното финале на „Вембли“ успеа да слави над Манчестер Сити со 2-1, спречувајќи ги „граѓаните“ да стигнат до втора двојна круна во низа во англискиот фудбал.

Ерик тен Хаг за последен пат го водеше Јунајтед по најавеното заминување на крајот од сезонава, а холандскиот стратег има збогување за паметење, откако успеа да го надмудри Пеп Гвардиола и да стигне до пехар.

Херои на „црвените ѓаволи“ беа тинејџерите Гарначо и Маино, во финишот од првото полувреме најпрвин Аргентинецот го доведе Јунајтед во водство по големата грешка на Јошко Гвардиол, а неколку минути подоцна Маино зголеми на 0-2 на аситенција на Бруно Фернандеш.

„Граѓаните“ тргнаа во целосна офанзива, преку Халанд ја погодија гредата, но се што успеаја да сторат беше утешниот погодок на Доку во финишот, недоволно за целосен камбек.

Се вчитува...