Сити рутински победи, но остана без значаен првотимец

Манчестер Сити лесно ја оправда фаворитската улога на дуелот со Брајтон, славејќи со 4-0 во меч во кој царуваше Серхио Агуеро. Де Бруине го отвори резултатот по само две минути игра, а потоа на сцена стапи Аргентинецот со два гола и една аситенција, до Бернардо Силва за конечните 4-0.

Сепак, актуелните прваци прескапо ја платија оваа победа со оглед на сериозната повреда што ја заработи најдобриот дефанзивец Лапорт, кој мораше на носилки да биде изнесен од теренот уште во првото полувреме.

Челси ниту на вториот домашен меч не успеа да стигне до триумф, ремизирајќи 2-2 против Шефилд Јунајтед. Френк Лампард и неговите избраници имаат за што да жалат бидејќи по првото полувреме имаа водство од 2-0 по двата гола на Абрахам, но Шефилд дојде до огромен бод на „Стемфорд бриџ“ благодарение на автоголот на Зума во 89. минута.

Резултати Англија:

Саутемптон – Манчестер Ј. 1-1, Челси – Шефилд Ј. 2-2, К. Палас – А. Вила 1-0, Лестер – Бурнемаут 3-1, Њукасл – Ватфорд 1-1, Манчестер Сити – Брајтон 4-0, Вест Хем – Норвич 2-0.

Се вчитува...