Сити се уште се мачи, но сепак победи (ВИДЕО)

Манчестер Сити стигна до третата победа сезонава во Премиер-лигата откако славеше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 28. минута кога со одличен удар од далечина погоди Кајл Вокер.

Во вториот дел тимот на Пеп Гвардиола ја имаше контролата и само рутински го приведе мечот до крај. Со оваа победа „сините“ од Манчестер се искачија на 7. позиција на првенствената табела со 11 бода, но само два помалку од првопласираниот Евертон. Од друга страна Шефилд Јунајтед до самиот крај очигледно ќе има тешка борба за опстанок бидејќи по седум одиграни натпревари има само еден освоен бод и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

 

Се вчитува...