Сити со стил до трофеј во ФА купот

Манчестер Сити доминира во англискиот фудбал. По освојувањето на пехарот во Премиер – лигата, тимот на Пеп Гвардиола со убедливи 6-0 славеше во финалниот меч од ФА купот на Англија против Вотфорд. „Граѓаните“ едноставно немаат конкуренција.

Давид Силва и Рахим Стерлинг донесоа водство од 2-0 за Манчестер Сити во првиот дел. Гоеадата на составот на Гвардиола продолжи и во второто полувреме. Кевин де Бруин и Габриел Хесус зголемија на 4-0, а потоа Рахим Стерлинг со уште два погодоци комплетираше хет – трик, за конечни 6-0 и трофеј во ФА купот.

Се вчитува...