Сити тргнува со 70 милиони фунти по крилото на Челси

Енцо Мареска не крие дека посакува дополнителни засилувања за играчкиот кадар на Манчестер Сити, а на врвот на листата на италијанскиот стратег се наоѓа неговиот поранашен играч од Челси, Педро Нето.

Португалецот веќе нема сигурен првотимски статус откако „сините“ го доведоа Роџерс од Астон Вила, а Мареска планира да ја искористи ситуацијата за да го доведе овој одличен крилен офанзивец на „Етихад“. Англиските медиуми информираат дека преговорите се веќе стартувани и „светло сините“ од Манчестер во следните 48 часа ќе испратат официјална понуда во висина од 70 милиони фунти.

Оваа сума не би требало да биде доволна со оглед на најавите дека Челси нема така лесно да се раздели од Нето, но ќе биде интересен одговорот на лондонскиот клуб, дали ќе ја отвори вратата за заминување на Португалецот и колку ќе бара за неговиот трансфер.

Се очекува Манчестер сити да го продаде Савињо во Тотенхем за 60 милиони фунти, така што Мареска дефинитивно ќе има буџет да го доведе Нето, клучно сепак ќе биде дали неговиот сегашен клуб ќе реши да се раздели од португалскиот репрезентативец.

Се вчитува...