Скалони донесе одлука, останува на клупата на Аргентина

Фудбалската репрезентација на Аргентина „преживеа“ само со еден шок и загубата на Лионел Меси, кој одлучи да стави крај на настапите за „гаучосите“, бидејќи одлуката на селекторот е сосема поинаква од најдобриот аргентински фудбалер.

Аргентинските фанови по финалето на Светското првенство кое летово се одржа во САД, Канада и Мексико, во кое „гаучосите“ загубија од Шпанија со 0:1, стравуваа дека и селекторот Лионел Скалони, ќе ја напушти репрезентацијата.

Но, последните информации од Аргентина говорат дека фудбалската федерација му понудила на Скалони договор до 2030 година и тој повеќе од извесно е дека ќе го прифати.

Скалони досега ја предводеше селекцијата на Аргентина на 104 натпревари и забележа 80 победи, 14 ремија и само десет порази. Најголемиот успех го оствари во 2022 година кога на СП во Катар стана светски шампион, додека летово загуби во финалето.

 

 

 

Се вчитува...