Скандал ја тресе Швајцарија, дали Џака може да заврши пет години зад решетки?!

Швајцарскиот репрезентативец, Гранит Џака, е под истрага на обвинителството во кантонот Луцерн поради сомнежи дека фалсификувал документи за вакцинирање против коронавирусот.

Според швајцарските медиуми, полицијата уште во 2023 година извршила претрес во ординацијата на докторка поради сомневања дека издавала лажни Ковид сертификати. Меѓу нејзините клиенти, полицијата го пронашла името и на Гранит Џака, на кој според обвинителството му била издадена потврда дека примил вакцина против коронавирусот.

Тој на почетокот од идниот месец треба да даде изјава во обвинителството во Лицерн.

Според експертот за право, Андре Кун, фалсификувањето на документи во Швајцарија спаѓа меѓу тешките кривични дела.

„Фалсификувањето исправа може да биде казнето со паричка казна или со казна затвор до пет години. Сепак, доколку се докаже вината, лицето без претходни пресуди вообичаено е да добие условна парична казна со задолжителна споредна казна до 10.000 франци“, вели Кун.

Тој нагласи дека покренувањето постапка значи дека постојат одредени сомнежи и докази кои ги поткрепуваат истите, но никако не значи дека Џака е виновен.

Агентот на фудбалерот за швајцарските медиуми изјави дека Џака во целост соработува со обвинителството. Според него, Џака има официјална потврда од докторката дека на 25 јануари 2022 година ја примил првата вакцина против коронавирусот, а на 11 ноември и втората.

Се вчитува...