Португалската полиција соопшти дека го пронашла трофејот во Лигата на шампиони за жени, кој бил украден од стадионот „Жозе Авлаладе“ во Лисабон, каде што на 24. мај ќе треба да се одигра големото финале помеѓу Барселона и Арсенал.
Грабежот се случил во неделата за време на мечот од португалското првенство помеѓу Спортинг и Виторија Гимараеш, а полицијата го открила случајот дури следниот ден. Освен трофејот, ограбувачите украле уште неколку вредни предмети.
„Неколку лица со качулки и маскирани лица упаднаа во подрумот на стадионот “, соопшти локалната полиција.
Тринаесет осомничени се идентификувани, но полицијата не соошти други детали. Сите осомничени биле сослушани. Пехарот како и другите предмети на крајот биле вратени на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА